Титаник потонал поради пожар, а не поради санта мраз!?

mkd-301427-1.png

Потонувањето на бродот Титаник било предизвикано од голем пожар во трупот на бродот, а не од неговиот судир со сантата мраз, сметаат сега експертите.

Најновите докази упатуваат на тоа дека голем пожар во трупот на бродот горел речиси три недели пред испловувањето од пристаништето во Саутемтон, пишува британски Индипендент.

И покрај тоа шти експертите и претходно го разгледувале ова сценарио, ретки фотографии кои дури неодамна биле проучени покажале дека пожарот навистина можел да биде причината за потонувањето на некогаш најголемиот патнички брод во светот.

Новинарот Сенан Малони, кој повеќе од 30 години се занимава со проучување на Титаник ги анализирал фотографиите кои главните електроинженери ги направиле пред бродот да го напушти бродоградилиштето во Белфаст.

Малони тврди дека забележал црни траги, долги девет метри, вдолж предниот десен дел од трупот, малку зад местото каде што пробила сантата мраз.

„Тоа е истото место каде што удрила сантата мраз и изгледа дека таму веќе постоело оштетување или дека било значително ослабено дури пред бродот да го напушти бродоградилиштето“, вели Малони.

Експерти потврдиле дека трагите најверојатно ги предизвикал пожар во три спрата високиот магацин за јаглен, зад една од ложилниците. Тим од 12 луѓе се обиделе да го изгасат пожарот кој достигнал температура од 1.000 степени Целзиусови, но нивните напори биле залудни.

Малони тврди дека никој од патниците не бил информиран за пожарот бидејќи Џеј Брус Исмеј, претседателот на компанијата која го изградила Титаник, претходно забранил информации за инцидентот да се изнесуваат во јавноста.

Во документарецот на британски Канал 4 „Титаник: новите докази“ (Titanic: The New Evidence) се наведува дека бродот бил вкотвен на спротивната страна од онаа на која првично требало да исплови, за патници да не ги видат оштетувањата од пожарот.

„Никој досега не ги истражил овие траги. Тие целосно ја менуваат приказната. Металуршки експерти ни објаснија дека челикот на високи температури станува кршлив и дека неговата јачина се намалува за 75 отсто. Кога бродот удрил во сантата мраз, ѕидот на трупот бил толку ослабен што лесно се искршил. Се знаело за пожарот, но било решено проблемот да се прикрие. Титаник никогаш не требало да исплови“, наведува Малони.

Реј Бостон, експерт кој веќе 20 години го проучува патувањето на Титаник, уште во 2008 изјави дека верува дека десетина дена пред бродот да го напушти Саутемптон во него избил пожар, најверојатно при тестирање на неговата брзина.

Бостон истакна дека тој пожар можел да предизвика „сериозни експлозии“ под палубата пред Титаник да стигне во Њујорк.

Во несреќата која се случила во април 1912 загинале над 1.500 луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail