TOP-1-of-1.jpg

Македонскиот продуцент и диџеј Тод Хејз денес го претстави ремиксот на песната „Доволни“, што на почетокот на годината ја промовираа „Сирилик“ во соработка со Валери. „Доволни“ е втора песна од „Сирилик“ на која Хејз прави ремикс, како што вели, поттикнат од позитивните реакции што ги добил по првата заедничка соработка „Во тебе се гледам“.

Хејз на македонската јавност ѝ е познат по неговите синглови „Сонце ме крена“ и Set Мe Free, но и по големиот број преработки. Во регионот постигна успех откако романската музичка компанија „Ротон мјузик ТВ“ го издаде ремиксот на песната Hurt You од naBBoo feat Miceal.

Како звучи сето тоа, дознајте во продолжение.

Уживајте!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail