tojota.jpg

Производителот на автомобили „Тојота“ неодамна патентира систем кој препознава идентитет на лица на местото на возачот и врз основа на тоа испушта во внатрешноста на автомобилот пријатни мириси, за на возачите да им обезбеди попријатно возење.

Препознавањето се врши со помош на телефонот на возачот, па мирисот може да се активира и непосредно пред влегувањето на возачот во автомобилот, но и при напуштањето на возилото. Сепак, најмногу внимание во врска со овој патент привлече секундарната функција на системот. Како што наведува „Тојота“, тој може да се искористи и за сосема спротивна намена – да го оневозможи возењето на автомобилот од друго лице, односно од потенцијални крадци. Имено, во случај на местото на возачот да се најде крадец, место пријатни мириси, автомобилот испушта солзавец, за да спречи кражба.

И додека на потенцијалните возачи може да им се допадне што автомобилот шири пријатна миризба додека возат, не се знае како ќе реагираат знаејќи дека во возилото се наоѓа потенцијално опасен солзавец.. Што ако автомобилот погреши, па место парфем испушта солзавец. Сепак, иако „Тојота“ го патентира овој систем, не значи дека еден ден и ќе го вгради во продукциските возила. А, ако тоа се случи, „Тојота“ веројатно нема да ја користи спомнатата опција со солзавец, туку само пријатните мириси.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail