Топ 10 занимливи факти за Северна Кореја кои веројатно не сте ги знаеле

31590963763_049d5a389f_b.jpg

Најзатворената земја на светот со која владее диктаторот Ким Џонг Ун отсекогаш била мистерија за остатокот од светот.

Токму затоа фактите за животот во неа побудуваат голем интерес:

1. Kim Il-sung се смета за вечен лидер, иако неговите наследници ја водат земјата.

2. Kim Il-sung го поставил начинот на функционирање дека државата треба да се потпира само самата на себе и да ги пресече економските и дипломатски врски со остатокот од светот.

3. Кошарката во Северна Кореја се игра по изменети правила, кои важат само таму.

4. Сите ученици мора да плаќаат за купување на столчиња, маси и за греење во училиштето. Само платите на учителките не се вклучени во тоа.

5. Главниот грд Пјонгјанг е само за елитата. Во него смеат да живеат само граѓани комплетно лојални на режимот.

6. Околу 150.000/200.000 жители од Северна Кореја се затвореници во т.н. работни кампови. Најлошо се казнети политичките престапници, а понекогаш со нив во затвор оди и целото семејство.

7. Од 24-те милиони жители, половината живеат во екстремна сиромаштија.

8. Имаат еден од најголемите стадиони на светот. Стадионот Rungnado May Day има повеќе од 150.000 седишта.

9. Изненадувачки, но во оваа строга земја марихуаната е легална.

10. Речиси и не постојат семафори што работат, па наместо нив има сообраќајни полицајци насекаде.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail