Топ 20: Знаете ли кои се најпродаваните автомобили во Европа?

CpYNg-avtomobili.jpg

Иако е присутен на пазарот од 2012-та година, убедливо најбаран модел во 44 европски земји во првите осум месеци од 2019-та година е Volkswagen Golf!

Врз основа на податоците кои ги собра сајтот focus2move.com од 28 земји членки на Европската унија, земјите од договорот E.F.T.A. (Норвешка, Исланд и Швајцарија), земјите од Западен Балкан, секако, вклучувајќи ја и Македонија, потоа Русија, Турција и неколку земји од поранешен Советски сојуз, објавено е дека во периодот од јануари до август оваа година биле продадени 311,966 примероци на Golf.

На второто место зад популарниот хечбек од Волфсбург се најде Renault Clio со 248,683 продадени примероци, а на третото место е уште еден модел на Volkswagen – Polo со 194,505 примероци.

На 4-та позиција повторно се најде модел на Volkswagen – моделот Tiguan е продаден во 179,440 примероци, а на одличното 5-то место со фантастичен скок од 11 позиции од 2018-та година, се најде Dacia Sandero со 166,567 продадени примероци. На 6-то место е Citroen C3 со 165,051 продадени примероци и одличен скок од 10 места.

Топ 10-те најпродавни модели ги заокружуваат Ford Fiesta (163,123 автомобили) на седмото место, Peugeot 208 (162,201) на осмото, на деветото место се најде Ford Focus (161,542) и на десетото место е Nissan Qashqai со 160,888 продадени примероци.

Од 11-то до 20-то место на најпродавани автомобили во Европа се најдоа: Skoda Octavia (160,658), Opel Corsa (160,057), Dacia Duster (159,218), Renault Captur (154,038), Toyota Yaris (149,525), VW T-Roc (147,320), Peugeot 3008 (139,067), Fiat Panda (130,078), Mercedes A-Class (124,511) и Skoda Fabia (120,865).

извор: точка

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail