„Трансфигурации“ – изложба на Ана Трајковска во МКЦ

Transfiguracii-izlozba-na-Ana-Trajkovska-vo-MKC.jpg

„Трансфигурации“ – изложба на Ана Трајковска во МКЦ

Монументалниот експериментален графички проект „Трансфигурации“ на младата графичарка Ана Трајковска, изграден е само врз основа на едно клише, на една мала матрица, од која ни се рефлектираат различни полизначни и полидимензионални референци. Овој луциден, рационално обмислен истражувачки проект, во извесна смисла претендира да го „наруши“, односно да го прошири полето на конвенционалните граници на класичното поимање на матрицата на високиот графички печат. Истражувањата и експериментирањата на Трајковска ѝ овозможија да го „отвори“ клишето, да го лиши од границите/маргините, и практично да ги презентира неговите други, поинакви перформанси. Освен што целиот проект е фундиран на една матрица, она што е исто така невообичаено за актуелното дигитално време, тоа е враќањето на авторката кон праизворот, кон архаичната, одамна заборавена методологија на градбената операција, коајшто е целосно мануелно изведена (проектот e целосно изведен без никаква употреба на печатарска машина).Наспроти статичните отпечатоци на клишето во скулпторскиот медиум, низ репетитивното активирање на матрицата, Трајковска со конвенционалното, но мануелно третирање на печатењето, ќе ја создаде монументалната инсталација испечатена на транспарентна желатинска фолија.– Конча ПиркоскаПовеќе инфо: https://mkc.mk/event/transfoiguracii/

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail