Трансилванија била дом на животно поопасно од диносаурусите!?

20170222-transilvanija-bila-dom-na-zhivotno-poopasno-od-dinosaurusite-m.jpg

Најновите истражувања од експертите од Британија укажуваат на тоа дека на подрачјето на Трансилванија некогаш живеел гигантскиот птеросаурус.

Птеросаурусот имал распон на крилјата поголем од десет метри, огромен врат и канџи. Се претпоставува дека поради неговата големина и способности бил еден од главните предатори и каков таков ги тероризирал и диносаурусите.

Врз основа на остатоците кои ги истражувале д-р Марк Витон и д-р Дарен Најш од Универзитетот во Саутемптон во Велика Британија, било откриено дека ова суштество било различно од другите во неговата градба.

„Мислевме дека хазигоптерикс бил едно од најсилните суштества кои имавме можност да ги откриеме“, истакнува д-р Витон. „Поради тоа, не е тешко да се заклучи дека припаѓал на група на најмоќните грабливци – лесно влегувал во конфликти и со посилни од него“, додава тој.

Подрачјето во Трансилванија било поволно за развој на ваквите суштества и диносауруси. Се` уште се работи на неговиот скелет така што подетални информации за овој древен предатор, научниците дополнително треба да добијат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail