Тренд кај македонските девојки, а лекарите се едногласни – солариумите немаат свои добри страни

solarium.jpg

Лекарите се едногласни – солариумите немаат свои добри страни. Според нив, зрачењето во солариум е поопасно дури од сончањето на пладне. Запомнете, солариумите се одговорни за прераното стареење и зголемен ризик од канцер на кожа!

Според едно истражување, во кое биле вклучени 4000 лица, докажано е дека лицата кои почнуваат да користат солариум пред 35-тата година го зголемуваат ризикот од малигнен меланом дури за 75 проценти.

Постои вообичаена, но погрешна претпоставка дека сончањето во солариум е здрав начин да дојдете до потемен тен. Меѓутоа, интензитетот на некои УВ зраци во солариум може да биде и до 15 пати поголем од попладневното сонце, а и самите знаете колку сончањето на пладне е опасно.

Постојаната изложеност на такви УВ зрачења ја оштетува ДНА на клетките со што се зголемува ризикот од развој на рак на кожа. Малигниот меланом, кој во голем број случаи завршува фатално, е најчестиот облик на рак кај лицата меѓу 15. и 35. година.

Доколку не можете да се откажете од вештачкиот бронзен тен, сепак, важно е да знаете дека сите не се погодни за сончање во солариум. Лицата со светол тен мораат да бидат многу повнимателни од оние со потемен, а времето кое го поминувате во солариум морате внимателно да го прилагодувате.

Солариум никако не смеете да користите:

– Ако сте помлади од 16 години

– Имате осетлива и многу светла кожа

– Лесно горите на сонце

– Имате многу бенки по телото

– Сте имале канцер на кожа во минатото

– Некој во вашето семејство имал канцер на кожа

– Користите лекови кои ја зголемуваат осетливоста на УВ зраци

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail