Tрета студентска филолошка конференција

ba813ccea29b022d9bf5e00cb3b5ada2_XL.jpg

Tретата студентска филолошка конференција „Како си ми?“ е најавена за 1 април 2017 година, а ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

За да може да учествувате треба да бидете студенти на додипломски студии или да имате дипломирано во последните 12 месеци, и тоа на кој било факултет и универзитет во Македонија. Излагањата може да бидат индивидуални или групни.

 

Конференцијата ќе се состои од излагања од 10 минути по кои ќе следува дискусија. Темите на излагањата може да бидат од областа на филологијата, т.е. лингвистиката, книжевноста, методиката, преведувањето или толкувањето или што било друго поврзано со нив.

 

 

Темите може да бидат и споредбени т.е. контрастивни. Работниот јазик на конференцијата е македонски јазик.

Рокот за пријавување е заклучно со 24.2.2017 г. Испратете ни ваши податоци, тема на излагањето и апстракт (од 150 до 200 збора) на kakosimi.flf@gmail.com.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail