Третиот по ред Tech.O настан ќе се одржи идната недела

tech.o.png
Tech.O e месечен настан кој ја обединува македонската ИТ и бизнис сфера, односно претприемачи, сопственици на стартап компании, ИТ експерти, инвеститори и талентирани млади луѓе.
Целта на овој настан е споделување на идеи, запознавање со најновите трендови во индустријата, како и воспоставување на деловни контакти. Исто така, овој настан отвора нови инвестициски можности за компании и поединци.

Бизнис можностите кои се нудат и произлегуваат од вашето присуство на овој настан се големи. Добивате бесценети можности за учење, генерирање нови идеи за вашите бизниси и поврзување со потенцијални клиенти и соработници, од Македонија, но и надвор од неа.

На третиот по ред настан, кој ќе се одржи на 26 април 2017 година во просториите на Валосо Хуб, ќе говорат тројца интернационални говорници, кои ќе зборуваат на разни теми поврзани со ИТ и бизнис.

Доколку сакате да бидете дел од настанот регистрирајте се на официјалната веб страница: http://techo.mk/. За повеќе информации и за целосната програма на настанот заинтересираните можат да ја посетат веб страницата.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail