Третман за враќање на изгубенaта меморија

mozok-2.jpg

Науката досега има откриено многу во врска со тоа како нашите мозоци се справуваат со сеќавањата – ги имаме идентификувано деловите од мозокот кои се активни при нивното создавање и деловите каде се складираат сеќавањата од краткотрајната и долготрајната меморија. Се мисли и дека задржувањето на сеќавањата е функција на релевантни неврони кои се активни, но едно ново истражување покажува дека не секогаш тоа е случај.

Тим истражувачи од Универзитетот од Висконсин-Медисон откриле дека со аплицирање на електромагнетно поле врз одредени делови на мозокот, може да се активираат скорешни сеќавања. Со употреба на техниката наречена транскранијална магнетна стимулација (TMС), тие увиделе дека одредени сеќавања кои не биле активни во мозокот (според традиционални методи за нивно набљудување), повторно се активирале.

За потребите на студијата, истражувачите ги замолиле партиципантите да запомнат два различни типа на информации, како на пример збор, и лице. Кога потоа со TMС го таргетирале делот од мозокот каде се складира краткотрајната меморија на зборовите, субјектите го кажувале зборот кој претходно им било кажано да го запомнат, иако вербално им било речено дека ќе бидат прашани во врска со лицето кое требало да го запомнат.

Ова студија покажува дека е возможно да латентни сеќавања (од „позадината“) да се донесат во преден план, иако начинот на кој што мозокот одлучува која информација да ја задржи како активно сеќавање, а која да ја тргне „настрана“, сè уште не е јасен.

Иако оваа техника моментално е лимитирана само на краткотрајната или активна меморија, таа има потенцијал во третманот на проблеми со овој тип на меморија, или болести како Алцхајмеровата, а би можела да се користи и за третирање на одредени ментални заболувања, со тоа што на пациентите ќе им се даде можност да ги контролираат сопствените мисли (на што да се сеќаваат, а на што не).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail