Трето издание на Регионалната школа за безбедност

regionalna-skola.jpg

Третото издание на Регионалната школа за безбедност, овојпат како Зимска школа, со учество на професори и студенти од Србија, Хрватска, Црна Гора и Република Македонија се одржа во периодот од 4 до 7 март во Битола.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Низ повеќе работилници, презентации, панел дискусии и различни форми на размени учесниците ги споделија своите искуства и знаења за бројните аспекти на безбедносните политики со кои се соочуваат земјите на Регионот, а коишто се заеднички и за земјите на ЕУ.

Зимската школа за безбедност се заокружи со промоцијата на книгата „Безбедносни политики и концепти„ од доц. д-р Марјан Ѓуровски, продекан на Факултетот за безбедност-Скопје.

Овие настани Факултетот за безбедност ги организираше, традиционално, со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер во РМ, како и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

Ректорот Коруновски, како и проректорите , беа дел од свечената завршница. Притоа, ректорот, со пригодни зборови, се обрати пред присутните на промоцијата и учествуваше во доделувањето на сертификатите на сите учесници на Регионалната школа за безбедност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top