Три бронза на три научни олимпијади за Македонија

mon.jpg

Javna administracija, ministerstvo za finansii i ministerstvo za obrazovanie i nauka

МОН доделува парични награди за освоени медали на една од 13-те меѓународни научни олимпијади на ученикот и на наставникот кој го подготвувал.

Три бронзени медали освоија македонските тимови летово на три различни научни олимпијади.

Тимот предводен од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија освои бронзен медал на 49-та Интернационална хемиска олимпијада (Натхон Патхом, Тајланд, 6-15 јули 2017 година), Друштвото на физичарите на Република Македонија осови бронзен медал на 48. Меѓународна олимпијада по физика (Џогјакарта, Индонезија 16-24 јули 2017), како и Сојузот на математичари на Република Македонија на 58. Меѓународна олимпијада по математика (Рио де Жанеиро, Бразил 13-23 јули 2017година).

Министерството за образование им честита за успехот и смета дека постигнатиот резултат претставува успех не само за сојузите, односно друштвата, туку и за Република Македонија.

„Со постигнатите резултати тимовите на хемичари, физичари и математичари, покажаа и докажаа дека Република Македонија има млади луѓе, ученици, научници кои стојат рамо до рамо со своите врсници од целиот свет“, се наведува во честитката од МОН.

МОН е во исчекување на резултатите од 29. Meѓународна олимпијада по информатика на која учество зема тимот од Здружението на информатичарите на Република Македонија (Техеран, Иран 28 јули – 4 август 2017).

Министерството за образование и наука има предвидено доделување на парична награда за освоен медал на една од 13-те меѓународни научни олимпијади на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата.

Министерството за образование и наука изразува жалење што до сега младите таленти од Република Македонија не беа поддржани од институциите во однос на покривањето на патните трошоци или пак подготвителните часови. Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска и нејзиниот тим работат на изнаоѓање системско решение за надминување на овој проблем преку нови законски решенија кои ќе бидат поддршка и мотив за учениците и нивните ментори во освојувањето на највисоките признанија на светските натпревари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail