Три децении постоење на првата независна издавачка куќа „Ѓурѓа“

gurga.jpg

Првата независна издавачка куќа во Македонија „Ѓурѓа“ одбележува три децении постоење. По повод јубилејот таа објави 30 наслови во специјална едиција „30 години ЃУРЃА“ и нив ги претставува на Саемот на книгата.

Првиот наслов „Ѓурѓа“ го објави во 1987 година – стихозбирката „Римјани“ од Паско Кузман, со цртежи на академскиот сликар Божидар Дамјановски. Оттогаш оваа издавачката куќа има објавено над илјада наслови од најразлични области.

Покрај изданија од областа на психологијата и филозофијата, забележително место во продукцијата на „Ѓурѓа“ имаат и над 30 монографии за ликовната уметност, преводните изданија од убавата литература, како и наслови од домашни автори. Пред се, тоа се наслови и автори кои првпат се преведуведени на македонски јазик.

Годишно „Ѓурѓа“ продуцира седумдесетина книги од областа на белетристиката, уметноста, науката и публицистиката, распоредени во повеќе едиции. Основното правило во нејзиното функционирање е сета заработка од книгите да ја вложи во нови изданија.

Во изминатите 30 години „Ѓурѓа“ беше издавач и на неколку списанија, меѓу кои меѓународното списание за култура „Lettre Internatiоnale“, основано од Антонин Лим од Париз, „World Press Избор“ и енигматското списание „Кефало“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail