Три филмувани бестселери во издание на „Антолог“

knigaaaaaaa.jpg

Издавачката куќа „Антолог“ во најновата продукција објави три интернационални бестселери кои, како што неведува, ги урнале рекордите на читаност во светот, а зад чии филмски остварувања стојат меѓу најдобрите филмски екипи.

– Станува збор за модерната дистописка сага „Круг“ од Дејв Егерс, биографската приказна за Стивен Хокинг – „Пат кон бескрајот“ од Џејн Хокинг и за вториот дел од научнофантастичниот серијал „Лавиринтот, Бегство низ пустошот“ од Џејмс Дашнер. Сите три наслови се број 1 бестселери на „Њујорк тајмс“, а нивното објавување во „Антолог“ значи освежување за преводната едиција „Бранови“, која досега доби огромен број позитивни критики од читателите и од стручната јавност, соопшти „Антолог“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail