12329_041218143655285_800x500.jpg

Зимата колку што може да не натера да не ги соблечеме дебелите чорапи и да се мрднеме од кауч, толку може да биде и заводлива ако и дозволиме, со долги топли капути и вкусни коктели, се што ви треба е да си го одберете омиленото место за уживање со друштвото.

Погледнете ги нашите избори на вкусни коктели за оваа зима.

Toby’s Toddy

Малку поинаква верзија на класичниот Toddy коктел, со употреба на еднаква количина на рум и коњак кој му дава повеќе деликатност. Добивате превкусен пијалак без потоа да ви зададе главоболки.

Состојки

30мл коњак
30мл рум
30мл лимонов сок
30мл сируп од шеќер
5 капки Ангустура битери

Подготовка

Додадете ги состојките во чаша со 30мл топла вода и измешајте убаво.

 

Овој коктел е само малку поразличен од класичната верзија на коктелот whiskey sour, со додаток на црвено вино на крај за поинтензивен вкус.

Состојки

60мл бурбон
20мл лимонов сок
20мл сируп од шеќер
10мл црвено вино

Подготовка

Во шејкер матете ги бурбонот, шеќерот и лимоновиот сок, со цедалка претурете го во ниска чаша. Внимателно додадете го виното одозгора со помош на барска лажица.

Класичната верзија на негрони е малку изменета со додавање на бурбон наместо џин, кој го прави коктелот зимски и поинтензивен на вкус.

Состојки

50мл бурбон
20мл Campari
20мл сладок вермут

Подготовка

Мешајте ги состојките во чаша со мраз пред да си прецедите во коктел чаша по избор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail