Три клучни принципи за да преговарате со кого било

klu.jpg
На почетокот на 2000-тите години, кој било Американец да беше киднапиран во странство ФБИ го повикуваше Кристофер Вос. Водечкиот меѓународен преговарач успешно ги убеди терористите на Филипините, герислките војници во колумбиската џунгла и професионалните киднапери во Хаити да ги ослободат своите заложници. Откако го напушти ФБИ, Вос основаше своја консултатнска компанија Black Swan Group за сите кои сакаат да ги подобрат своите преговарачки вештини. На конференција во Лос Анџелес, Вос на публиката и рече дека сите преговори се исти, без оглед на деталите. Секој успешен преговарач следи три клучни принципи.

 

1. Нека биде јасно дека ја сфаќате другата страна

Вос рече дека е битно другата страна да знае дека вие ја разбирате систуацијата од нивна перспектива, но без празни фрази како „Разбирам низ што поминувате“. Емптатијата е клучна. Кога, на пример, се преговара со професионални киндпаери, тие за се говорат како за бизнис, а не како за нешто страшно и злобно. Со терористите станува збор за идеологија. Сите се прашуваат „Како ќе ми помогнеш?“. Ако можете да ја видите нивната страна, ќе бидете во многу подобра ситуација да одговорите на тоа прашање?

2. Придобијте ги да кажат „не“

Сите сме научени да добиваме потврден одговор како крајна цел на преговорите, но „да“ секогаш е замка. Сите знаат дека ќе бидат изманипулирани кога некој ќе се обиде од нив да извлече „да“. Ако некој се сложи со вас за мали работи, веројатно ќе се сложат и за големи. Но, што кога од нив се обидувате да извлечете одбивање? Прашајте ги прашања како „Дали сакате да доживеете неуспех?“ или „Дали е смешно да кажеме дека и двајцата можеме да го добиеме она што го сакаме?“.

3. Почит

Последниот принцип е да се спроведат преговорите така да на другата страна и покажете дека ја почитувате. Без таа основа невозможно е да се постигне што било. И сами знаете како на вас делува кога некој не ве почитува – едноставно не сте подготвени да соработувате.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail