Три квалитети кои Ворен Бафет ги бара кога вработува

warren_buffet_spotlight.jpg

Wednesday, October 16, 2013 Fortune The Most Powerful Women Washington, D.C., USA 9:30 AM ONE ON ONE Warren Buffett, Chairman and CEO, Berkshire Hathaway Inc.
Interviewer: Carol Loomis, Senior Editor at Large, Fortune Photograph by Stuart Isett/Fortune Most Powerful Women

Ворен Бафет е еден од најголемите инвеститори, но освен тоа е и вешт бизнисмен и менаџер. Затоа и неговата компанија „Berkshire Hathaway“ е меѓу најпрофитабилните во светот.

Дури гениј како Бафет сепак не може да прави ништо сам. Со текот на годините тој успеал да изгради исклучително ефективен и талентиран тим. Како го постигнал тоа? Секој вработен станува дел од неговиот тим во зависност од тоа дали има 3 квалитети, пишува Business Insider.

Кога ќе ангажирам нови луѓе следам 3 работи – интелигенција, енергичност и достоинство. Ако човекот го нема последното, првите две ќе го уништат, бидејќи без достоинство, ќе стане безумен и мрзливи – истакнува Бафет

Потребата од интелигенција е очигледна – човекот треба да има капацитет да ја врши работата. Бафет сепак потсетува дека не станува збор само за висок IQ или за одлични оценки во училиште. „Не треба да бидеш ракетен инженер, за да успееш во инвестирањето. Ако си во бизнисот и имаш IQ 150, најдобро продај 30 поени на некого“, вели милијардерот.

Под енергичност пак Бафет разбира подготвеност за преземање на иницијатива. Службеникот треба да е отворен да се обиде за нови работи и да презема одговорност за проектите.

Достоинството е најважен квалитет според инвеститорот. И целосно зависи од самиот човек, тврди тој. Не можеме да избираме колку да сме високи и колку брзо можеме да трчаме на пример, но дали сме чесни, дали сме великодушни, дали се однесуваме со достоинство – тоа е во нашата моќ.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail