voren-bafettt.jpg

Ворен Бафет од мало дете продавал шишиња со Кока кола, а денес е 4-ти најбогат човек на светот.

Тој тоа го постигнал благодарение на своите навики. Платата му е 100.000 долари месечно, а богатството му чини 87 милијарди долари.

Бафет вели дека мора постојано да се учи. Тој сфатил во што е најдобар и постојано се унапредувал.

Втора работа според него е трпението. Вели дека во бизнисот, но и за други работи, трпението е пресудно. Според него, трпението често значи чекор напред.

Како трето советува да им се даде признание на колегите. Ако сакате да го следите успехот на Бафет, немојте да заборавите да ги наградите луѓето кои ви помогнале.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail