Три прашања за подобро ментално здравје

20161216-tri-prashanja-za-podobro-mentalno-zdravje-m.jpg

Размислувањето за „големите прашања“ за животот може да биде прилично застрашувачко.
Зошто сме овде ? Која е поентата на животот ? Дали има нешто на другата страна?

Имајќи предвид дека најверојатно никогаш нема да одговориме на овие прашања можеме едноставно да ги игнорираме и да се концентрираме на малите работи во животот, како и работата. Преголемото размислување би ни предизвикало само стрес. Така барем си мислиме. Всушност тоа не е точно. Навистина би требало да се справиме со овие работи. Ново истражување открило дека луѓето кои се прашуваат самите себеси со овие големи прашања секој ден имаат помало ниво на стрес и анксиозност.

Во истражувањето учествувале 307 луѓе кои биле прашани за нивната волја да влезат во сопствените духовни борби и ментално здравје, а терапевтите би требало директно да ги предложат овие прашање на нивните сесии.

Експертите велат дека религиозните и духовните борби се во конфликт со Бога и религиозните луѓе, но прашањата за судбина, моралност и значењето на животот се обично табу теми и искушението да се оттргнат од нив е силна. Кога луѓето ги одбегнуваат овие борби, депресијата и анксиозноста се зголемуваат па затоа е подобро да се соочат со нив директно. Луѓето кои ги прифаќаат овие борби со основни верувања и вредности покажуваат подобро ментално здравје.

Тоа не значи дека мора да се следи некоја религија за човекот да се чувствува подобро – самото ангажирање со овие идеи за животот и смртта можат да помогнат во ментално здравје. Луѓето се поемотивно здрави доколку можат да прифатат вознемирувачки мисли. Спиритуалните сомневања на објективен начин можат да помогнат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail