Три здружени „чуми“ му се закануваат на човечкиот род

afrika.jpg

Трите најголеми опасности со кои се соочуваат луѓето на оваа планета досега изгледале неповрзано.

Сепак, научниците дошле до заклучок дека дебелината, потхранетоста и климатските промени го сочинуваат “Глобалниот синдром”, најтешката позната закана по човековото здравје и најголем предизвик за луѓето и околината.

“Досега потхранетоста и дебелината се гледани како поларни спротивности. Во реалноста, двете се водени од исти нездрави, неправедни системи кои се фокусирани само на економскиот раст, додека ги игнорираат негативните здравствени последици”, рекол еден од научниците од Универзитетот Окланд, Бојд Свинбурн.

“Климатските промени имаат иста приказна за добивка и моќ, игнорирајќи ја штетата за околината”, додава тој.

Сега кога ги споиле трите најголеми опасности во една, научниците можат да пронајдат заедничко решение пред да биде предоцна.

Истражувачкиот проект кој го воделе Свинбурн и Вилијам Диц од Универзитетот Џорџ Вашингтон, пред три години, требало да се занимава само со дебелината.

Но, кога фокусот им се проширил, откриле дека проблемот е многу поголем. Многу брзо дошле до заклучок дека ниедна земја не успеала да го намали поразителните бројки кога станува збор за дебелината.

Факт е дека за негативниот тренд можеме да им се заблагодариме на политичарите, но и на недостигот на јавниот интерес за намалување на овој проблем. Во сето тоа не може да се занемари ни влијанието на прехранбената индустрија, која гледа само на профит. Не е повеќе важно дали се загадува планетата или луѓето, профитот е првата и единствена интересна точка.

Истражувачите предупредуваат дека здравствените проблеми се поврзани со прехранбените навики и мора да ги гледаме како еден заеднички проблем, бидејќи големите компании не се грижат за здравствената состојба на популацијата ниту за иднината на нашата планета.

“Според моменталните пресметки се проценува дека до 2050-та година, вкупната побарувачка за храна ќе се зголеми за 50 проценти, со нови алармантни последици како изумирање на видови, сечење на шуми, забрзување на климатските промени”, стои во истражувањето.

“Само оние со најекстремни гледишта би можеле да веруваат дека со ускратување на нашата индустрија ќе се помогне во подобрувањето на прехраната”, вели за “CNBC” Тим Рајкрофт од Британската федерација за храна и пијалаци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail