Трибина „Мојот збор на ФИНКИ 1.0“

finki1.jpg

На 10.05.2017 година во 14:00 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ се одржа првата трибина на професори и студенти – „Мојот збор на ФИНКИ 1.0“.
На трибината гости-говорници беа:

д-р Иван Чорбев, Декан на ФИНКИ
д-р Ивица Димитровски, Продекан за настава на ФИНКИ
д-р Дејан Ѓорѓевиќ, претставник на ФИНКИ во Сенатот на УКИМ
д-р Владимир Трајковиќ, професор на ФИНКИ
д-р Жанета Попеска, професор на ФИНКИ

На настанот, професорите и студентите разменија мислења и идеи за тоа како да се решат некои од моменталните проблеми кои ФИНКИ ги има, како и на кој начин студентите и професорите, заедно, можат да го направат ФИНКИ уште подобро место за студирање.

Овој настан беше организиран во рамките на предметот Медиуми и комуникации на ФИНКИ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail