Трибина: Заштита на интелектуалната сопственост – мотор или кочница на бизнисот“.

28828580_10157074299612699_2330237683417773645_o.jpg

По повод одбележувањето на јубилејот 15 години ФОН Универзитет, Факултетот за правни науки со поддршка на Факултетот за Економски науки, одржаа трибина на тема: „Заштита на интелектуалната сопственост – мотор или кочница на бизнисот“.

Гости на трибината проф. д-р Валентин Пепељугоски и д-р Орде Ѓорѓијоски, директор на правен сектор на АД Витаминка, дадоа осврт на проблемите во праксата во делот на заштитата на интелектуалната сопственост со детектирање на слабостите во примена на законодавството.

Професорите на Правниот факултет: проф. д-р Темелко Ристевски даде осврт на уставната рамка на заштитата на сопственоста; проф. д-р Билјана Пулеска ја опфати заштитата на интелектуалната сопственост во случај на постоење на меѓународен елемент и судир на закони; проф. д-р Сејдефа Џафче акцентот го стави на спецификите во оданочување со ДДВ-то на приходите од интелектуална сопственос; доц. д-р Зорица Силјановска се осврна на местото и значењето на интелектуалната сопственост во системите на добро корпоративно управување. Кон дискусијата се приклучија проф. д-р Бајрам Положани кој ја потенцирање важноста за заштита овој вид на сопственост во правниот поредок на РМ.

Професорите од Факултетот за економски науки: проф. д-р Никола Поповски ја потенцираше важноста на знаењето во развојот на интелектуалната сопственост, а д-р Силвана Јовческа во фокус го постави бренд манаџментот.

Професорите од Факултетот за дизајн и мултимедија: проф. д-р Марија Ветероска,  проф. д-р Александар Рашковиќ, проф. д-р Никола Ефтимов дискутираа за проблемите со кои се соочуваат дизајнерите во заштитата на своите права, како и потребата од поголемо ниво и поефикасна заштита бидејќи постојат големи злоупотреби.

За регулативата во делот на заштитата на трговската марка на компаративно ниво говореше доц. д-р Милица Шутова, која даде и осврт на хармонизација на нашата национална регулатива со европското законодавство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top