studying_1539727289-768x548.jpg

По долгото и топло лето започна и новата студентска година. А вообичаено студентите велат: Од оваа година ќе бидам вреден студент и ќе одам на сите предавања. Поради таа причина, знаејќи дека по првиот ден пристигнал и вториот, па поминала и некоја седмица вие можеби се враќате на старите навики, ви претставуваме неколку трикови кои ќе ви помогнат да бидете активни и пристуни на предавање, без да спиете.

Сигурно, прво си помисливте дека ќе ја спомнеме утринската реакција, но ако земеме во обзир дека алармот ќе ве разбуди брзо, можеби нема да ви биде потребно многу време. Иако не е спомната утринска вежба, скокањето од кревет и трчањето низ дома за да стигнете на предавање се сосема доволни. Се надеваме дека ќе имате доволно време за здрав појадок богат со проетини и влакна. За оние кои немаат доволно време советуваме да јадат јаболко богато со природни шеќери.

Исто така, важно е да се разладите и да ја осветлите просторијата.  Ладното ги собира крвните жили кои те разбудуваат и активираат. Затоа понекогаш вистински погодок е сладолед- ладен, фин и вкусен за разбудување.

Следува интересен совет – доколку се чувствувате поспано во кујната на факултет тогаш помирисајте сол. Ако во минатото солта им помагала на луѓето да се разбудат од несвестица, ќе ви помогне и на вас.

Секако, неизбежен е и трикот со кафето.  Постојат многу верзии на кафе, но турското е најефективно.

Освен кафето и ментолот е добар за останување буден на предавање.

Последен, но и не најмалку важен совет е да се смеете. Постојат многу причини зошто е добро да се смеете, а освен тоа што помага при забрзување на пулсот, истегнување на мускулите, смеењето ве прави среќни, поубави и будни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail