Трио „Масеив“од Хрватска со концерт на УГД

a7f4220debd56f6a9630663235912fb6_XL.jpg

Во рамките на Уметничката пролет, Универзитетот „Гоце Делчев“ приредува уште едно пријатно доживување за штипјани. Хрватското трио „Масеив“ доаѓа на концерт во Мултимедијалниот центар во Штип. Концертот ќе се одржи во четврток (25.4.2019 година) во 19 часот, а влезот е бесплатен.

„Масеив“ е трио составено од млади, но исклучително квалитетни музичари од Хрватска. Формирани се во 2006 година и од тогаш до денес настапиле на бројни фестивали во Хрватска и во регионот. Досега и како поединци и како група имаат освојувано бројни награди. Триото е составено од Марко Бишкун на клавир, Себастиан Тарбук на фагот и Иван Андријевиќ на кларинет. Тројцата се соработници на Музичката академија при Универзитетот во Загреб.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail