Трио Парнасус со целовечерен концерт во Штип

Trio-Parnasus-so-celovecheren-koncert-vo-SHtip.jpg

Трио Парнасус со целовечерен концерт во Штип

Во четврток 7 јуни со почеток во 17 ч. во концертната сала на Музичката академија при УГД – Штип, трио Парнасус ќе одржи целовечерен камерен концерт.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Триото во состав проф. д-р Милица Шкариќ – пијано, проф. м-р Паскал Краповски – виолончело и Гонца Богоромова-Краповска – сопран ќе изведе дела од Андре Превин, Џејмс Хајвард, Герхард Дајс, Пирзади Ниса Инајат Кан, Дамјан Темков и Михајло Михајловски. Триото ќе одржи концерти и во Тетово на 6 јуни во ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ со почеток во 17 ч. и на 8 јуни во Домот на културата во Струмица со почеток во 20 ч.

На концертите ќе присуствува и англискиот композитор Џејмс Харвард, чија композиција напишана за триото Парнасус ќе доживее светска премиера. 

 

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top