nasaaa.jpg

Во текот на годината пред нас, претстојат многу настани на кои може да се надеваме, оценуваат научниците. Би-би-си претстави некои од најголемите научни приказни кои ќе се случат оваа година.

Свет во движење

Оваа година најавен е поголем број вселенски мисии кои ја нагласуваат меѓународната природа на денешното истражување на вселената. Прва е Чандрајан2, продолжување на индиската револуционерна мисија на Месечината од 2008 година.

Додека нејзиниот претходник беше само орбитер, Чандајан2 ќе се состои од орбитер, ледер и ровер, кои ги разви вселенската агенција ИСРО. Лансирањето на мисијата со помош на ракетата ГСВЛ е закажано за март, од Вселенскиот центар во Анду Прадеш.

Во мај, НАСА би требало да го лансира својот вселенски брод Инсајт на Марс. Инсајт ќе користи софистицирани инструменти, за да врши истражувања длабоко под површината на Црвената планета, во потрага по облежеја за тоа како настанала.

Европа и Јапонија би можеле заедно да организираат истражување на Меркур. Мисијата Бепи Коломбо ќе се обиде да донесе нови сознанија за оваа планета.

Бепи Коломбо е составена од два вселенски брода, лансирани на една ракета. Мисијата би требало да изврши детално мапирање и да ги истражи магнетните полиња на планетата. Научниците се надеваат дека ќе пронајдат одговори на клучни прашања, како она зошто Меркур се состои од огромно железно јадро со само тенка лушпа од магнетни карпи на површината.

Лов на астероиди

Во јуни, вселенското летало Хајабус 2 на јапонската вселенска агенција ќе стаса на својата цел – астероидот 162173 Рјугу, од кој треба да донесе примероци на Земјата. Неговиот претходник Хајабус стана светски познат кога во 2005 година дојде до астероидот Итокава.

Иако мисијата имаше бројни потешкотии, донесе на земјата мали количини на астероиден материјал, доволно за научниците да дојдат до некои информации. Инженерите спроведоа неколку подобрувања на Хајабус 2, кој треба да продолжи онаму каде претходникот запре, за да се врати со нов астероиден материјал и успешно да постави неколку сонди на површината на астероидот Рјугу.

Јапонија нема да биде единствената држава која годинава ќе ги посети астероидите. Вселенското летало на НАСА Осирис – Рекс, лансирано во 2016 година, требаше да дојде во контакт со вселенски објект по име 101955 Бену. Целта на Осирис- Рекс, исто така, е собирање примероци од тлото и карпите, кои потоа би требало да се донесат на дополнителна анализа.

Комерцијална вселенска трка

Годинава, компанијата на Елон Маск. Спејс Икс би требало да искористи една од најмоќните кога и да се изградени ракети – Фалкон Хеви. Маск во декември минатата година твиташе волшебни фотографии од огромно летало, кое било составено во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Оваа 70 метри долга ракета, проектирана е да може во вселената на лансира товар со тежина до 57 тони, што ќе му овозможи на Спејс Икс влез на нови пазари за лансирање сателити, а на крајот и испражање астронаути и надвор од Земјината орбита.

Приватните компании, исто така, би можеле да преземат значајни чекори кога станува збор за превоз на екипаж на Меѓународната вселенска станица, но можно е тоа да почека до 2019 година.

Спејс Икс и Боинг требаше заедно да го изведат првото лансирање со екипаж од американско тло уште во јули 2011 година. Од тогаш. САД се принудени да користат руски ракети Сојуз за превоз на екипаж на станица, што тешко им паѓа на многумина кои работат во американскиот сектор за вселенски летови.

Двете компании планираат тестирање на свои системи за лансирање, така што ќе изведат пробни летови без екипаж со цел да соберат податоци за инженерите. Потоа би требало да почнат и со лансирање. Доколку тестирањата бидат успешни, НАСА ќе ги сертификува обата система, па Спејс Икс и Боинг ќе поќнат да превезуваат астронаути во вселенски станици.

Подоцна, на овие летала би требало да им се придружи и лансирниот систем на НАСА – долгоочекуваната капсула Орион и ракетата СЛС, кои ќе се користат за лансирање луѓе подалеку од ниската Земјина орбита. Доколку се оди според планот, Орион би можел да биде лансиоран без екипаж во 2019, а со астронаути во 2021 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail