Тројца милијардери во САД имаат пари колку 170 милиони Американци

forbes_billionaires.jpg

Тројцата најбогати луѓе во САД: Бил Гејтс, Џеф Безос и Ворен Бафет заедно располагаат со имот поголем од заштедата на дури 160 милиони Американци, покажува најнова американска студија за распоредувањето на капиталот во САД.

Овие тројца милијардери, заедно, имаат вкупно 248,5 милијари долари, што го надминува вкупниот имот на околу 63 милиони американски домаќинства или – половина од САД, што е финален заклучок во студијата под наслов “Милијардите во 2017-та” која ја изработи Американскиот институт за политички студии.

Инаку кога би се собрал имотот на 400 најбогати луѓе во САД би се видело дека тие заедно поседуваат богатство од 2,68 билијони долари, што е повеќе од БДП на Велика Британија, Франција или Индија, се наведува во студијата. Проценката е правена врз база на информациите објавени во “Форбс” листата 400 најбогати во 2017, и Преглед на потрошувачки финансии во Федералните резерви на САД за 2016 .

– Нашите 400 најбогати луѓе сега располгаат со богатство поголемо од вкупни сретства на 64 отсто американски жители, односно околу 80 милиони домакинства, или тоа е повеќе пари кај 400 лица отколку што ги има кај 204 милиони луѓе граѓани на САД. Тоа се повеќе луѓе отколку што е бројот на жители во Канада и Мексико зедно – се напоменува во извештајот.

Даночното намалување кое го предложил американскиот претседател Доналд Трамп веројатно уште повеќе ќе го зголеми јазот бидејќи 80 отсто намалување на данокот ќе оди во рацете на најбогатите, односно еден процент на домакинствата, се оценува во студијата.

– Нееднаквоста во богатството и разликите се во пораст. Сега е време за акција како би се смалила нееднаквоста, а не за намалување на данок за најбогатите – се укажуваат во извештајот.

Во студијата се предлага два начина да се намали расчекотрот во богатството – најпрво за причините: нееднаквоста се зголемува уште повеќе со намалување на данок за богатите, а второ лекот: да се промени политиката на даночење и поддршка на малите компании со што ќе се намали концентрирано богатство кај мал број луѓе на сметка на останатите.

– Нееднаквоста ќе продолжи да се продлабочува доколку не интервенираме директно како би ја намалиле големата концентрираност на личното богатство . Оданочувајќи ги нашите најбогати милијардери, би можеле да дојдеме до значителен приход, а потоа да вложуваме во фондови за развој и можност за останатите кои отвораа работни места – се залкучува во студијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top