ТТК Банка АД Скопје објавува ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ttk-banka.jpg

ТТК Банка АД Скопје објавува ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на следното работно место – Референт на благајна во експозитура Кочани (1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):

 Работно искуство во банка или финансиска институција најмалку 2 години;

 Минимум средно стручно образование;

 Познавање на англиски јазик и компјутери;

 Комуникациски и аналитични вештини;

 Иницијативност;

 Самостојност;

 Индивидуална и тимска работа;

 Идентификација и решавање на проблеми;

 Интензивна концентрација;

 Лојалност;

 Висок личен интегритет и одговорен пристап кон работата.

 

Краток опис на работно место :

 Благајничко работење и работење во платниот промет согласно упатствата и законската регулатива;

 Безготовински платен промет во земјата и во странство;

 Готовински уплати и исплати;

 Брз трансфер на пари;

 Менувачки работи;

 Трезорско работење;

 Отварање, сервисирање и затварање на трансакциски сметки;

 Продажба и сервисирање на депозитни производи на Банката;

 Продажба и сервисирање дебитни и кредитни картички,

 Трајни налози;

 Продажба на сервисот Електронско банкараство.

Работно време:

40-часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата (од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 09:00 до 13:00 часот).

Загарантирана почетна нето-плата:

22.000 денари

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо најдоцна до 20.8.2017 година, со назнака: „Апликација за благајник во експозитура Кочани“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. „Народен фронт“ бр.19а, 1000 Скопје или на електронската адреса: [email protected].

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail