Тука никогаш не можете да купите стан! 10 најскапи улици во светот

nju-630x355.jpeg

Дури 18 месеци откако Billionaire.com ја објави листата на 10 најексклузивни улици во светот, на многу од нив немала ниту една продажба на недвижнини што зборува за недостатокот на понуди на овие улици.

„Врвна недвижнина на една од најскапите улици во светот се појавува на пазарот можеби еднаш во генерација“, пишува Business Insider. „На сопствениците на тие куќи не им недостасуваат пари и планираат да ги задржат тие вредни недвижнини“, вели Јоланда Барнс, водич на стамбените истражувања во агенцијата „Савил“.

10. Ардмор Парк, Сингапур

sin

Просечна цена: 24.000 долари по метар квадратен.
Во април наводно еден од основачите на Алибаба групацијата купил пентхаус од 51 милион сингапурски долари во Ардмор паркот, во ексклузивниот дел од градот. Тој апартман го поставил рекордот по цената – купен е за 40.000 сингапурски долари по квадратна стапка (0.09 метри квадратни).

9. Молочниј Переулок, Москва

mo

Просечна цена на метар квадратен: 30.500 долари.
Цената на недвижнините на оваа улица варира од староста на зградата, а повеќето згради се изградени по 2000 година и многу се скапи. Минатата година стан од 238 квадратни метри на оваа локација бил продаден за 9.5 милиони долари.

8. Avenue des Palmiers, Les Parcs de Saint-Tropez, Франција

fr

Просечна цена: 39.000 долари за метар квадратен.
На оваа улица практично е невозможно да се дојде до недвижнина. Последната била во понуда пред една година, а кога ќе се најдат на пазарот, куќите со поглед на море достигнуваат цена и до 70.000 долари по метар квадратен. Една од последните недвижнини која е продадена на оваа улица имала 800 квадрати и големо земјиште, а цената била 42 милиони долари.

7. Quai d’Orléans, Париз, Франција

fr1

Просечна цена: 41.000 долари за метар квадратен.
На оваа улица некогаш престојувала Брижит Бардо, а денес е една од најскапите улици во Париз. Цените на недвижнините се исклучително високи, но погледот на Париз е прекрасен. Пред неколку месеци трисобен апартман на петти кат со неверојатен поглед бил продаден за 36.000 долари по метар квадратен.

6. Wolseley Road, Point Piper, Австралија

avstralija

Просечна цена: 44.000 долари по метар квадратен.
После неколку години затишје кога станува збор за продажба на недвижнини, довербата во пазарот повторно се вратила, па така и на најексклузивната улица во Австралија. На овој сиднејски полуостров квадратите се продаваат по 44.000 долари, а во последната година становите во оваа улица се продавале по цена од помеѓу 22 и 29 милиони долари.

5. Chemin du Sémaphore, Cap Ferrat, Франција

frrrrr

Просечна цена: 67.000 по метар квадратен.
Ексклузивниот полуостров Сен-Жен-Кап-Фера некогаш бил омиленото место за белгиското кралско семејство. Оваа област сега е позната по огромните и прекрасни вили во сопственост на милијардери и магнати. Станува збор за улица која води кон центарот на скапиот полуостров. Минатиот август куќа од 650 квадрати таму била продадена за 37 милиони долари.

4. Avenue Princesse Grace, Монако

mon

Просечна цена на метар квадратен: 100.000 долари.
Минатата година пазарот за недвижнини во Монако бил рекорден, а Авенијата на принцезата Грејс, препознатлива по палмите кои го окружуваат пристаништето пред Монте Карло, не била исклучок. Така, трисобен апартман од 200 квадрати на бројот пет на Авенијата на принцезата Грејс минатата година бил продаден за 16 милиони евра, а паркингот и терасата биле вклучени во цената. Минатата година во Монако биле продадени вкупно 555 недвижнини.

3. Најтсбриџ, Лондон

london

Просечна цена: 103.000 долари по метар квадратен.
Најтсбриџ е најелитната лондонска адреса. Минатиот април тука пентхаус од 1.500 квадрати бил продаден за околу 200 милиони евра, што е најскапата продажба во последните година и половина.

2. Горна петта авенија, Њујорк

nju

Просечна цена: 108.000 долари по метар квадратен.
На крајот од 19 век Горната петта авенија била заштитен знак на њујоршката аристократија и општествената елита, а тоа не се променило ни до ден денес. Тешко е да се најде поскапа улица од Петтата авенија во која речиси ниедна недвижнина нема цена пониска од 70 милиони долари.

1. Peak Road, The Peak, Хонг Конг

hong

Просечна цена на метар квадратен: 114.000 долари.

Улицата Пик е сместена на самиот врв на Викторија Пик во Хонг Конг, најскапата улица во светот. Во февруари недвижнина на бројот 75 со големина од 11.000 метри квадратни била продадена за 600 милиони евра, што е најскапата продадена недвижнина во историјата на Хонг Конг.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail