ii.png

Секоја година се фрлаат 6 трилиони отпушоци од цигари, што значи дека секоја година се создаваат 1,2 трилиони тони отпад од цигари. Трилиони отпушоци секоја година ја загадуваат животната средина, а голем дел од нив завршуваат во водите. Се очекува овој број да се зголеми за 50% до 2025 година како што расте популацијата на Земјата.
Отпушоците од цигари се многу повеќе од само отпад – нивните филтри содржат тешки метали како арсен, хром, никел и кадмиум и бидејќи се потребни повеќе години за да се распаднат, металите можат да навлезат во почвата и во водата.

Инженерот Абас Мохаџерани од Универзитетот RMIT во Австралија пронајде начин да се рециклираат отпушоците и да се претворат во нешто што ќе му помогне на човештвото – тули. „Со години сонував да најдам одржлив и практичен метод за решавање на проблемот со загадувањето од цигари“, вели Мохаџерани.

Тој и неговиот тим откриле начин да се искористат отпушоците од цигари за производство на тули. На тој начин не само што се отстранува отпадот од животната средина, туку се добиваат поевтини тули за чие производство се троши помалку енергија. Кога ќе се додадат отпушоците од цигари во глина се намалува енергијата потребна за да се испечат тулите за дури 58%. Притоа, тулите се полесни и подобри изолатори, што значи дека помагаат да се одржи внатрешната температура во домовите.

Кога ќе се печат тулите, тешките метали од отпушоците и другите загадувачи се заловени и имобилизирани во тврдите тули, па не може да протечат. Мохаџерани проценува дека ако само во 2,5% од тулите кои годишно се произведуваат во светот се искористи 1% од отпадот од отпушоци од цигари на глобално ниво, ќе се балансира со засиленото производство на цигари. Благодарение на заштедата на енергија, ваквите тули се поевтини, а цената уште повеќе ќе се намалува колку што ќе се зголемува количината отпушоци во нив.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail