Турбини на ветар ќе бидат поставени на уличните светилки во Велика Британија

turbini.jpg

ИТ компанијата NVT Group и иноваторската компанија Own Energy планираат да заедно да работат на нови технологии во рамките на стратешкотот партнерство кое го склучија.

Од Own Energy велат дека на уличните светилки сакаат да постават мали турбини на ветар со посебен систем за да се собира енергијата од ветарот и директно да се вклучува во електричната мрежа. Со секоја светилка ќе се намали количината јаглерод диоксид која се испушта во атмосферата за половина тон.

Со овој проект истовремено ќе се креираат 25 нови работни места во текот на наредните 12 месеци, а во текот на анредните три години тој број ќе се зголеми на 300. Извршниот директор на Own Energy, Дејвид Гордон, вели дека во Велика Британија има околу 10 милипони улични светилки и 20% од нив се соодветни за поставување турбини на нив, што значи дека ова е скалабилна бизнис прилика со голем потенцијал.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail