Туристите масовно ги откажуваат своите летувања – еве поради што полицијата ќе има право да апси на Бали

gQGqm-top-10-temples-to-visit-in-bali-facebook.jpg

Неверојатен предлог закон кој предизвика масовни протести во оваа земја, но и бес кај туристите.

Туристите од целиот свет, а најмногу оние од Австралија, масовно ги откажуваат своите одмори на Бали поради страв од најавените измени во кривичниот законик во Индонезија според кој вонбрачниот секс би бил најстого казнет.

Туристичките агенции се загрижени дека Бали би можел да го изгуби статусот на омилено летувалиште за Австралијанците поради протетите за најавените драконски казни и казнување на туристите кои “лошо“ се однесуваат во одморалиштата на плажите.

Според предлозите за измена на законот, полицијата ќе има право да ве апси поради сексуален однос со момче или девојка. Исто така во планот е и ограничување на продажбата на контрацепциски средства, но и да се забрани заеднички живот на паровите кои не се во брак.

Оние кои ќе бидат фатени како го кршат законот би можеле да се соочат со затворска казна во траење од една година.

Протестите се во тек, а во жесток конфликт со полицијата настрадале двајца студенти, а невладините организации веќе го повикуваат светот да реагира поради “големиот број докази“ во кои полицијата претерано употребува сила.

Меѓутоа, загриженоста на туристичката индустрија го натерала индонезискиот претсетадел Јока Видода на одредено време да ја одложи “забраната за секс“.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail