УАКС потпиша Ерасмус + договор со Универзитетот во Кросно, Полска

uaks.jpg

УАКС и Државниот Универзитет во Кросно досега имаа воспоставено соработка преку програмата Глобални Партнери во Образованието којашто траеше 4 години. Преку оваа програма, нашите универзитети заедно го нудеа предметот Глобално Разбирање.

Студентите на УАКС и ДУК ја развиваа својата интеркултуролошка комуникација преку видео конференции и четување во живо при што заеднички работеа на разни проекти. Сега, со новопотпишаниот Еразмус договор во областа на Англиска Филологија, нашите студенти ќе имаат можност и да се сретнат во живо и да ги уживаат поволностите на студентската мобилност.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк: https://www.pwsz.krosno.pl/international-students/general-information/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail