УАКС: Потпишан договорот за двојна диплома со Тор Вергата

20170516_145005-e1495111663962.png
На 16ти мај 2017та година, Ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев присуствуваше на официјалната церемонија за потпишување на договорот за Двојна Диплома со Универзитетот Тор Вергата во Рим.
Програмата која е цел на овој договор е студиската програма за додипломски студии по Бизнис администрација и економија, чијашто настава ќе се изведува на англиски јаик и ќе биде достапна на двата универзитети и преку која студентите ќе се стекнат со диплома од двете институции.
Церемонијата се одржа во грандиозната историска вила Мондрагоне со прекрасен поглед кон Рим, градот на светлината.
На церемонијата присусутвуваа државни функционери од двете земји, имено, Амбасадорот на Р. Македонија во Италија Н.Е. Оливер Шамбовски, Амбасадорот на Р. Италија во Македонија Н.Е. Карло Ромео, како и студенти, административен и академски кадар од двата универзитети.
Проф. Новели – ректорот на Универзитетот, проф. Триа – деканот на Факултетот за бизнис, како и проф. Гнан – Главниот Коодинатор на оваа програма, се покажаа како навистина прекрасни домаќини на настанот и направија атмосферата на официјалната церемонија да наликува на собир на стари пријатели.
Со потпишувањето на овој договор за Двојна Диплома помеѓу УАКС и Тор вергата како еден од 400те највисоко рангирани универзитети според Шангајската листа, УАКС постанува првиот и единствениот универзитет во републиката кој има соработка со глобално ремониран универзитет, но воедно и единствен кој нуди програма со која студентите ќе се стекнат со не една, туку две меѓународно признати дипломи.
Ние сме горди што имаме партнери како што е универзитото Тор Вергата, и се радуваме на почетокот на оваа програма од Септември во новата академска година.
Посакуваме успешна соработка и убава претстојна академска година!
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail