„УБАВА СИ, НО ТИ ФАЛИ МОЗОК“ луѓето не веруваат што направи оваа русинка само за да има добра фотографија

odincova_kaver.jpg

Со својот непромислен потег го навлече гневот кај јавноста !

Викторија Одинцова, една од најжешките руски модели и новата девојка на Фернандо Алонсо, ги шокира своите следбеници на Инстаграм со фотографии и снимки на кои без никаква заштитна опрема виси од еден облакодер во Дубаи.

Дваесет и двегодишната убавица од Санкт Петербург оваа опасна акробација ја направи пред 6 недели и оттогаш не престанува да објавува фотографии од својот „подвиг“.

„Ова е многу лош пример за младите“, „Ова е толку глупаво што едноставно немам зборови. „Се чини дека Бог ти дал убавина, но не и мозок“, се само некои од коментарите што ги доби Русинката.

Неа на Инстаграм ја следат повеќе од 3 милиони луѓе, а нејзиното прво видео од облакодерот е прегледано повеќе од еден милион пати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail