Убавицата и ѕверот: Бајка која со векови крие важна психолошка лекција

pepelaska.jpg

Оваа бајка може да нè научи многу за работите што ги мразиме кај себе. Од психолошки аспект, клише е дека треба да научиме да се сакаме себеси, дури и оние делови од нас кои се за јавна осуда. Сепак, стручно лице укажува на важна лекција која што со векови е присутна.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Џош Креисел, психолог и автор на стручниот портал „Psychology today“, напоменува дека работата на себе не е тешка толку колку што зборуваме дека е. Овој пат тој се обидел да го објасни прифаќањето на себе, преку пример од една од најубавите бајки од нашето детство „Убавицата и ѕверот“.

Оваа француска бајка настанала во далечната 1740-та година, а до денес оваа приказна е објавена во неколку верзии.

Најкратко кажано, преубавата девојка доброволно прифаќа да биде затворена од страна на суровиот ѕвер, за да го спаси татка си. Ѕверот изгледа гадно и убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да побегне.

Секоја вечер, ѕверот ја прашува убавицата дали би се омажила за него, и секоја вечер таа го одбива. Како што вели Џош, читателите знаат дека ѕверот е нешто што убавицата мора да научи да го сака, без поттик и без дополнителни информации.

Убавицата мора да научи да ја види убавината на ѕверот. На почетокот постојат само мали совети кои ја наведуваат убавицата да размислува за тоа дека можеби ѕверот не е толку страшен. Навиваме да го сфати она што сите го знаеме: Мора да научи да го сака ѕверот.

Да прејдеме на главното. Таа со текот на времето се заљубува во ѕверот и доаѓа до судниот бакнеж, после кој тој се претвора во прекрасен принц. Една од најубавите верзии на оваа приказна нагласува дека убавицата толку го засакала што кога го здогледала принцот извикала „Каде е мојот ѕвер?! Вратете ми го ѕверот“.

Сега, помислете на некој дел од себе од својот живот што не ви се допаѓа, што не можете да го прифатите и сакате да го промените. Нешто за што постојано негативно размислувате. Постојат одредени работи во животот кои што ве заробуваат и со текот на времето почнувате да ги мразите до тој степен што посакувате да избегате од себе.

Оваа бајка, сите овие векови крие универзална вистина и веројатно затоа толку долго постои. Па затоа, мора да научите работите што ги мразите кај себе, да почнете да ги сакате. Не станува збор за тоа да добиете прекрасен принц, туку да сфатите дека позади секоја грдотија се крие некаква вредност, богатство, што треба го засакате.

Додека не успеете во тоа, ќе бидете затворени во затворските одаи на неприфаќањето. Само со ваков вид на прифаќања можеме да ги цениме нашите проблеми и предизвици како подароци. Кога ќе се прифатиме и засакаме себеси, можеме да кажеме дека ќе живееме среќно до крајот на живот.

Затоа, колку и да немате објаснување за некои работи и колку и да ве болат во моментот, можеби целта е поголема. Прифатете ги. Спасете се себеси од патење и спремете се за поука која ќе ве научи да ги прифатите моменталните животни искушенија. Не користете „но“, туку прифатете го предизвикот и обидете се да најдете убавина во ѕверот во вашиот живот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top