Убавината на овие деца е нивно проклетство!

avganistan.jpg

Авганистан е земја во која слепо се следи исламската вера. Меѓутоа, зад побожниот екстремизам, земјата крие мрачна тајна која владата се обидува да ја скрие под килимот.

Имено, во Авганистан “цвета” педофилија под маска наречена Бача бази, односно “разиграни деца”. Иако ова изгледа како безопасна забава, далеку е од тоа. Имено, тие дечиња кои се навидум танчари служат како сексуални робови на возрасните “мажи”.

Ова сексуално злоставување на деца на возраст од 10 години веќе е долго проблем во Авганистан. Малиот Сукур имал 12. години кога го киднапирале од родителите и го одвеле далеку од своето семејство. Му требале пет години да побегне од Бача бази, а денес живее од танцови кои таму ги научил. Тој меѓутоа имал повеќе среќа од останатите.

Многу деца ги киднапираат на игралишта каде ловците ги бараат најсиромашните и најубавите деца. Сиромаштијата и бедата предизвикале ловците лесно да дојдат до своите жртви.

Кога ќе најдат некое убаво дете почнуваат да ги лажат неговите родители дека ќе го образуваат и ќе му најдат работа. Семејствата на овие деца прифаќаат вакви понуди, бидејќи финансиски ја потпомагаат нивната егзистенција.

Од убавите ветувања нема ништо освен деца облечени и нашминкани како жени, притоа служејќи како сексуално задоволување на педофилите. Многу добиваат господари на кои им служат како сексуални робови. Во оваа земја има една застрашувачка изрека која гласи, “Жените служат за раѓање деца, а децата за задоволство”!

Во Авганистан никогаш јавно не се говорело за Бача бази. Вакво сексуално злоставување посебно е забележана кај вооружени команданти кои доминираат во селските подрачја. Појавата Бача бази особено е развиена во провинциите Бадаксан и Кандахар, каде “машкоста” и важноста на генералите се мери по бројот на децата што ги опкружуваат.

Во било која друга земја, тоа се смета за педофилија. Меѓутоа, во Авганистан, ваквата појава е заштитена од полиција.

Еден од Авганистанците кој отворено признава дека ја применува во пракса оваа појава вели дека полицијата не може да им направи ништо. За педофилијата во Авганистан се снимени неколку документарни филмови на кои се прикажуваат “забавите” на кои “мажите” се разменуваат со децата.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail