Убиени 300 крокодили во знак на одмазда

krokodil.jpg

Локалните жители во едно село во Индонезија вооружени со ножеви, чекани и стапови ги убиле сите 292 крокодили во знак на одмазда за смрт на маж кој го убил крокодил на една фарма за крокодили.

Шефот на Агенцијата за заштита на природни ресурси на Индонезија во Западна Папуа изјави дека 48 -годишната жртва влегла на фармата за крокодили и веројатно собирал трева за да ја нахрани стоката кога животното го нападнало.

– Вработените слушнале дека некој вреска и бара помош, бргу отишле таму и виделе дека крокодил напаѓа некого, стои во соопштение на Агенцијата.

По закопот на мажот во саботата, локалните жители влегле во фармата и ги убиле сите крокодили.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail