UCNICI.png

Ученици од струмичката гимназија покренаа иницијатива за отворање ресторан за здрава храна.  Средношколската идеја доби поддршка и од раководството на училиштето. Се работи за проект кој е избран како еден од десетте најдобри на работилницата за социјално претприемништво поддржана од фондот за иновации и технолошки развој  на која учествуваа 100 апликанти од целата држава.  Добрата бизнис идеја е наградена  награда со  2000 евра.  Авторите на проектот велат  целта е решавање на еден социјален проблем и отворање на место кое ќе нуди здрава храна, за почеток на нивните врсници.

,, Бидејќи тоа е глобален проблем ние не можеме да го решиме на глобално ниво и затоа се фокусиравме, односно се локализиравме во нашето училиште  каде таргет група директни корисници ќе бидат нашите соученици., вели Верица Ахтарова, ученик во СОУ Јане Сандански Струмица.

,,Најефикасен начин за меѓусебна  поврзаност решивме да биде веб страната на која ќе може корисникот слободно да си порача преку опцијата порачај“ вели Миа Јанева, ученик во истото училиште.

,,Наши добавувачи ќе бидат средното општинско училиште Димитар Влахов , невладината организација Покров како и семејствата од руралните средини“ рече  Лина Стојанова, ученик.

За директорката на училиштето,  покрај добриот проект особено значен е изборот на темата. Со ова средношколците покажале  дека се одговорни и сакаат да дадат свој придонес во минимизирањето на нездравото хранење.

,,Ние како училиште ќе направиме се да помогнеме и финансиски и во секој смисол и логистички оваа идеја не само да се реализира туку и да биде пример  за сите останати училишта во државата“ вели Невенка Стојанова, директор на СОУ Јане Сандански, Струмица.

Според идејата на учениците во ресторанот за  здрава храна ќе има двајца вработени, а како волонтери ќе бидат ангажирани и самите ученици за време на нивните слободни часови.

ВИДЕО НА СИТЕЛ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail