Ученик доби 730.000 долари поради неговиот изум кој може да спаси илјадници животи

ucenik-600x330.jpg

Ученик од Индија кој има само 14 години доби 50 милиони рупии или 730.000 долари од зделка со индиската влада која го обезбеди неговиот изум за откривање на мини од воздухот преку посебен дрон, информира „Мирор”

Летечкиот уред на Харшвардхан Зала Дом од градот Гужарат може да спаси илјадници животи, затоа што открива и уништува на нов и ефикасен начин оружје кое е под земјата.

Наводно, иновација на момчето е подобро од сето она што се користи во моментов од армијата во земјата. Ученикот почнал да се занимава со прототип на специјалниот дрон лани откако прочитал за големиот број смртоносни инциденти предизвикани од скриените мини.

„Првично создадов робот за откривање на мини, но сфатив дека поради сериозноста тој ќе се запали и затоа што ќе носи и разурнувачки материјали, еве зошто решив да направам дрон, кој ќе ги открива објектите од безбедно растојание”, вели момчето.

Дронот како прво ја детектира мината преку инфрацрвен сензор, а потоа со детонаторот, кој тежи 50 грама ја уништува.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail