Училиштата во САД воведуваат ќотек за непослушните деца?

sibanje.jpeg

Три училишта во американската држава Тексас кои ги посетуваат деца од 4 до 18 години се согласиле да го воведат ќотекот како вид на казнување на непослушните деца, но таа мерка ќе може да се применува само врз децата чии родители ја дале својата согласност, објави британски „Индипендент“.

За казнување се пропишани јасни правила – учителите и наставниците ќе можат да користат дрвена палка за да ги казнат непослушните ученици.

Секој ученик ќе добие по еден удар за секоја „ѓаволлштина“, како на пример, за кршење на правилата на однесување во училницата или за неслушање на учителот.

Сепак, нема да можат сите наставници да ја користат дрвената палка – право на тоа ќе имаат само воспитувачите и директорот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail