Училиште ги замени огледалата во тоалетите со нешто што навистина им треба на тинејџерите

messages-on-wall1-e1492941491655.jpg

Една гимназија во САД неодамна направи нешто навистина необично, но инспиративно. Наместо огледала во тоалетите за учениците постави листови со секакви мотивациски пораки испишани со живописни бои.

Моќните зборови не само што ги разубавуваат монотните тоалети туку служат како моќни потсетници за најбитната работа кај девојките – самодовербата. Секоја од рачно напишаните пораки се однесува на силата и на самопочитта. Во еден свет каде што владее манијата за селфи фотографии и фотографии на Instagram ова е токму тоа што им треба на децата.

messages on wall1

Сите не изгледаме исто, сите не сме слаби, сите не сме облечени по најнова мода, а во тинејџерските години чувството на несовпаѓање во средината може да остави трајни последици врз карактерот на една личност.

Доколку во секое училиште тинејџерите по цел ден се опкружени со пораки како: „Ти си паметен/на“, „Ти си сакан/а“, „Ти си силен/на“, „Ти го заслужуваш најдоброто“, „Ти нема потреба да се менуваш“, којзнае колку моќни и самоуверени млади луѓе ќе излезат од тие училишта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail