Учителка им купила велосипеди на сите ученици во училиштето (видео)

20170401145102_419978-640x427.jpg

Учителката од Јужна Каролина собрала повеќе од 74.930 евра и купила 650 велосипеди, за секој ученик во своето училиште.

Кејти Бломквист, учителка во основното училиште во Норт Чарлстон почнала онлајн кампања за собирање пари по Празникот на трудот во септември минатата година со цел да собере 60.880 евра.

Идејата ја добила кога еден ученик и рекол дека сака велосипед, но дека неговото семјество не можело да му купи.

Учителката добила голема поддршка, а меѓу донаторите била големи коорпорации, како и домаќинот на телевизиската емисија Стив Харвеј.

Учителката во четвртокот наутро ги изненадила децата кога им ги покажала велосипедите на училишниот паркинг.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail