Учителка пешачи и по 13 километри низ снег за да стигне до своите ученици

studenti-1.jpg

Учителката Душица Голубовиќ, пешки по меќава, пешачи километар, два пет или пак, сите 13 и исто толку назад за да стигне на работа во селото Косатница во Србија,бидејќи љубовта кон децата и работата е преголема,а целта возвишена децата да не изгубат од наставата

За Душица Голубовиќ, ниту снегот ниту виулиците не се пречка да стаса до своето работно место и до четворицата ученици во селото Косатница во Србија, понекогаш пешачејќи и по 13 километри по студ и мраз. .
Косатица според површината е едно од најголемите села во Србија ,а во него има само четворица ученици.

Кога ќе удри невреме и снег, како што често се случува на ридовите околу Пријеполе, а мразот ке го закова патот од Милешево преку Ташео и Седоб до Косатица, учителката Душица Голубовиќ на работа стигнува пешки .Ако стигне супер,а ако закасни никој нема образ дда и замери,а камоли да ја прекори.
Пешки по меќавата, километар, два пет или пак сите 13 и исто толку назад за неа не преставува никаква тешкотија бидејќи љубовта кон децата и работата е преголема,а целта возвишена децата да не изгубат од наставата. Се случувало само заради нејзините четворица ученици да гази снег и до колкови ,а имало и случаи кога со автомобилот неколку пати слетувала од замрзнатиот асвалт илпа останувала завеана во снежните наноси

Во Косатица има само четворица ученици. Близначките Даница и Илица Зиндовиќ се трето одделение,а нивниот брат Радомир е забаваче,а Ивана Поповиć е второ одделение. И тие се последната генерација на деца во училиштето бидејќи во селото други деца нема.

Училиштето во Косатица е отворено во 1989.. Тогаш во него имало две одделенија.Седум години подоцна , поради малиот број на нови ученици наставата била сопренаУчилниците беа празни се до септември се до септември кога повторно се слушна школското ѕвонче на иницијатива на Жељко Зиндовиќ, татко на трите деца кои сега го посетуваат училиштето.. бидејќи неговата сопруга починала ,па за да не ги вози двете близначки сирачиња во Приејеполе ги замолил просветните власти поново да се отвори училиштето во селото. Даница и Милица во училницата ги пречекала Душица Голубовиќ која до тогаш работела како учителка на замена. Кога го добила повикот да работи во ова училиште , поканата ја прифатила со радост бидејќи сега веке била вработена на неопределено време. .

Од населбата Залуг кодво близина на Приеполе каде што живее Душица до Косатица има 15 километри. Автобуси овде не доаѓаат бидејќи се работи за неасвалтиран пат, испреплетен со шуми и жбунови, поточињапо кој тешко се оди во летно,а камоли во зимно време.

– Таткоми понекогаш ме вози. Понекогаш кога ке ме остави неколку километри подалеку од селото ме превзема и вози таткото на една од ученичките. А најчесто сама се снаоѓам бидејќи така ми е најлесно и на никого не му ставрам обврски-раскажува Душица

Понекогаш се случува снегот да го покрие патот и тогаш никаков превоз не помага.
– Тогаш пешачењето може да потрае и со часови. Но тоа не ми паѓа тешко затоа што ја сакам работата и децата -вели Душица.
Повеќе пати се осоколила самата да влезе во автомобилот и да тргне на пат за да стигне кај нејзините ученици. Но нејзината храборост ја чинело многу затоа што неколкупати се случило таа сосе автомобилот да излета од замрзнатиот пат или пак да биде заробена во снегот. Но секогаш наоѓала начин да се пробие и да стигне до училишето.

– Никакво невреме неможе да ме спречи да дојдам кај учениците. Логично е секој насставник да си ги сака децатата ,а јас толку ги обожувам моите па зато едни кај други си одиме на слава. Ивана е крстена пред неколку недели и јас и бев една од гостинките на крштевката , раскажува Душица.
Душица не е само учителка во селото .Кога ке ја замолат тамошните жители нејзе не и е тешко да им однесе лекови , храна или други намирници кои тие ќе и порачаат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail