УГД дел од серија на вебинари на теми од природните науки

UGD-del-od-serija-na-vebinari-na-temi-od-prirodnite-nauki.jpg

УГД дел од серија на вебинари на теми од природните науки

Универзитетот „Гоце Делчев“ преку Факултетот за природни и технички науки ќе биде дел од серија на меѓународни вебинари на различни теми од областа на природните и техничките науки.

Првиот вебинар (5.11.2020 год.) е од областа на рударството и металургијата, вториот (12.11.2020 год.) е од хидрометалургијата, третиот (19.11.2020 год.) од областа на пирометалургијата и четвртиот вебинар (26.11.2020 год.) за иновативни продукти за конструкција.

На вебинарите, покрај професори од  УГД, ќе учествуваат и професори од Белгија, Австрија, Словенија и од регионот. Организатор на настанот е Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со други партнерски институции од регионот.

Регистрацијата и следењето на вебинарите е бесплатно и можат да ја следат сите заинтересирани. Повеќе детали на http://ris-recover.zag.si/.

Invitation 1

Invitation 2

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail