УГД: Ден на диференцијалните равенки

2bd64d7b967017e313e305532023f668_XL.jpg

Во петок, 4 мај 2018 година, со почеток во 10 часот во aмфитеатар два на Кампус 2 ќе се одржи „Ден на диференцијалните равенки” во организација на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, во соработка на Иницијалниот одбор на „Ден на диференцијалните равенки” под водство на проф. д-р Боро Пиперевски од ФЕИТ, Скопје.

Предавањата на овој ден ќе бидат на темите „Вејвлет-галеркин решение на некои обични диференцијални равенки“, „Производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо“ и „Динамична анализа на модифициран лоренцов систем“. Предавачи ќе бидат професорите Катерина Санева-Хаџи Велкова, Билјана Златановска, Лимонка Коцева-Лазарова и Марија Митева, а ќе биде промовирана и брошурата „Ден на диференцијалните равенки“ од проф. д-р Боро Пиперевски.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail