УГД домаќин на голем европски проект во спортот

32c2bfee790e49c093a0c22e10399cc8_XL.jpg

ет европски земји Австрија, Исланд, Естонија, Бугарија и Македонија ќе бидат дел од работилница која ќе се организира на 27 и 28 септември во Штип како дел од проектот Te(a)chIn Sport од програмата Еразмус+. Во рамките на работилницата ќе бидат презентирани искуствата од земјите учесници во проектот за волонтерството во спортот, вклучување на студентите во спортски активности и настани.

На работилницата во Штип ќе се прецизираат деталите за следните активности кои вклучуваат организација на спортски настани за студентите кои ќе се одржат во текот на 2018 година на Универзитетите во Рејкјавик (Исланд), Софија (Бугарија) и на УГД во Штип.

Координатори на активностите на УГД се проф. д-р  Кирил Барбареев и доц. д-р Билјана Попеска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail