УГД и „Зегин“ потпишаа Меморандум за соработка

8d9d509c940eed6aa21cd5897fd084b1_XL.jpg

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и компанијата „Зегин“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвораат можности за соработка и стипендирање на студенти од насоката Фармација на Факултетот за медицински науки, но и од други насоки и факултети. Меморандумот го потпишаа ректорот на УГД, академик проф. д-р Блажо Боев, и Катерина Котларевска-Маневска од „Зегин“, а за бенефитот и очекувањата од него говореа Маја Бибановска, одговорна за Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, и ректорот Боев.

– „Зегин“ сака да развие соработка со Универзитетот во Штип. Сакаме да стипендираме студенти кои се на Фармација, Медицина, Енологија, Лозарство… Сакаме да ги поддржиме талентираните студенти, а тие што се заинтересирани да имаат можност да се обидат да продолжат и да работат и во нашата компанија – изјави Бибановска.

– Знаете, нашата политика во континуитет е дека ние сме отворен Универзитет за соработка со стопанството, со општествениот сектор, со сето она што значи реален живот, и оваа соработка со „Зегин“ оди во таа насока, да обезбедиме еден прозорец на младите од Универзитетот кон една сериозна компанија која работи во повеќе области – во фармацијата, медицината, енологијата, лозарството. Тоа е добра можност тие да соработуваат со нашите студенти, да ги стипендираат најдобрите и најквалитетните студенти, бидејќи утре ќе работат во тие компании и е добра можност за младите да си ја најдат својата егзистенција во Р Македонија – изјави академик Блажо Боев.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail