УГД ја продлабочува соработката со Мајкрософт – се отвора програмата за Студентски амбасадори Мајкрософт

UGD-ja-prodlabochuva-sorabotkata-so-Majkrosoft-se-otvora-programata-za-Studentski-ambasadori-Majkrosoft.jpg

УГД ја продлабочува соработката со Мајкрософт – се отвора програмата за Студентски амбасадори Мајкрософт

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да бидат дел од програмата „Student Ambassador” на Мајкрософт која им отвора големи можности на сите студенти.

  • На студентите ќе им овозможиме една нова програма која се вика Student Ambasador Program којашто е амбасадорска програма за студенти. Потребно е да имаат само 18 години и да имаат активен статус на студент. Нешто што добиваат се огромни бенефиции. Добиваат бесплатен софтвер, алатки за учење во дигитални лаборатории, добиваат месечен кредит од 150 долари за да истражуваат во Азур, добиваат право да бидат менторирани од Мајкрософт професионалци, да одат на настани и да бидат гости и предавачи на разни настани и понатаму добиваат можност да бидат кандидати за следно вработување во Мајрософот – изјави Елисавета Нојкоска, менаџер за образование за дигитални вештини во Централна и Источна Европа во Мајкрософт.

Претставниците на Мајкрософт денес го најавија ова на средба со студентите и раководството на Универзитетот на која средба беа свечено доделени ваучери на студенти кои се пријавија за да полагаат за сертификати на програмата Azzure Fundamentals.

  • Универзитетот „Гоце Делчев“ е еден од првите во Македонија којшто многу брзо ја прифати онлајн наставата заради пандемијата што се случи, почнувајчи од март. Денеска дојдовме на една физичка средба затоа што до сега цело време бевме во онлајн контакт. Денеска првпат се видиме во живо. Како благодарност Мајкрософот им овозможи на неколку од студентите и професорите ваучери за испити, за оналјн сертификати за Azzure Fundamentals. Тука имаме двајца студенти кои се на некој начин како победници и денес добија ваучери за да можат да ги користат за полагање на испит – истакна Нојкоска.

Ваучери добија генерално студенти од Факултетот за информатика при УГД, но и професори и асистенти кои се заинтересирани за полагање на овој софтвер.

  • Искрено, многу сум возбудена што го добив овој ваучер. Сметам дека многу ќе ми помогне во иднина во мојата кариера и се надевам дека тие мои желби ќе се исполнат – изјави Кристина Здравева, студентка на Факултетот за информатика на УГД.

Соработката ќе се продлабочи и продолжи. УГД е доста заинтересиран да продолжи со онлајн настава.

  • Оваа нивна посета следува по успешно завршениот претходен семестар и подготовките за тековниот семестар во којшто бевме издвоени како најдобар пример за премин кон онлајн настава. И овој семестар понудуваме хибриден начин на настава во којшто сепак ќе бидеме и во предавалните и онлајн на Microsoft Teams. Соработката со Мајкрософт продолжува. Претходниот семестар имаше конкурс во кој наши студенти се пријавија и добија ваучери за полагање на нивни софтвери. Во текот на овој семестар ќе понудиме и други опции кои ќе бидат достапни за студентите – истакна проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров.

Универзитетот „Гоце Делчев“ годинава веќе е подготвен без особени проблеми да ја изведува наставата во онлајн услови. Студентите веќе добија електронски распоред и упатства за тоа како да се одвива целиот процес.

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail